Петар Печков
Објавено: вторник, 07 мај 2013
Продолжениот празничен викенд во велешко се регистрирани две каснувања на змија отровница. Според инфомрациите од велешакта Болница во првиот случај каснато е десетгодишно дете од Долно Јаболчиште кое играло на блиската ливада. Тоа е згрижено и неговата состојба е добра. Во вториот случај каснат е 27 годишник од Велес кој го славел Први мај покрајј реката Бабубна. Поради карактерот на каснувањето тој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Познавачите на змиите отровници посочуваат дека нив ги има често и во голем број во овој пролетен период на бујна вегетација и дека е потребно да се биде претпазлив кога се престојува во природа. Докторите велат пак е важно што поскоро да се пушти серумот по каснувањето на змијата, кој во Заразното одделение до Болнциата го имаат во потребните количини. А дека змиите се присутни и во градот зборува примерот со семејство кое живее во близина на Мегдан и кое дома во купатило пронашло жива змија отровница.
Tweet |