речник контакт

Возовите попладнево стоеја со часови

Причина украден сигурносен кабел

Петар Печков

        Попладнево возовите од Скопје до Велес и обратно возеа со големо задоцнување. Иако тргнале на време, тие со часови стоеле на железничките станици помеѓу Велес и Скопје. Тој од Скопје за Битола чекал повеќе од еден час на железничка станица Рајко Жинзифов, додека патничкиот воз од Скопје за Кочани во станицата  Кадина бил  еден час. Слична била состојбата и со возовите кои од Велес попладнево тргнеле кон Скопје. Тие стоеле на железничката станица во Велес без објаснување. Причина за застојот во железничкиот сообраќај бил украден кабел.

Од раководството на ЈП Македонски железници објаснуваат дека поради безбедносни причини сообраќајот бил во прекин одредено време. На  железничката пруга  Велес - Гевгелија бил украден електричен сигурносен кабел, по што целиот телекоманден систем на МЖ паднал и тие не биле во можност да го контролираат движењето на возовите. Во времето на застојот поставен е нов кабел, по што железничкиот сообраќај се нормализирал.

Од ЈП Македонски железници- инфраструктура  објаснуваат дека се случува да се краде сигурносниот кабел поради бакарот во него, кој потоа се препродава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »