Петар Печков
Објавено: вторник, 30 април 2013
Попладнево околу 18 часот патничкиот Експресен возот Хераклеа кој сообраќа за Битола удри во пешак. Настанот се случи на свиокот од железничката пруга Велес – Битола, близу до Општинската зграда. Телото на починатиот кое беше на делови, беше прекриено со чаршафи. Сведоците од возот зборуваат за морничавата слика.
Лицето беше на среде пруга, седеше, беше прекриено со бел чаршаф и кога виде дека доаѓа возот го спушти., Возачот свиреше, кочеше, но иако не возеше бргу, бидејќи штотуку излезе од станица, немаше шанси да се спаси. Го удри а делови од телото се разлетаа по околината. Трагична смрт, лоша слика – вели еден од патниците.
Поради ова возот за Битола доцнеше 90 минути. Тоа е истиот воз од утрово кој во 7,30 удри во камион на патниот премин во населба Превалец. Засега не е познат идентитетот на починатото лице. СВР Велес потврди дека станува збор за лицето Марко С. на возраст од 28 (год) а причините за несреќата ќе се испитуваат. Тој живеел во близина, на 50-тина метри од крвавиот настан. Според соседите последните месец дена имал психички проблеми и одел често на терапија во Одделението за зависници во Велес. Стручните лица објаснуваат дека, овие лица кога се под некои дроги халуцинираат поради што најверојатно и го извел овој чин, немаат допир со реалноста, сметајќи дека му се случува нешто друго.
Tweet |