Петар Печков
Објавено: сабота, 16 јули 2016
Петокот попладне, околу 18,00 часот на делот од пругата помеѓу Железничка Станица -Дуброво и Железничка Станица Демир Капија се случила несреќа, во која има еден починат.
Според МВР несреќата е случила на отворена пруга во непосредна близина на ЖС Дуброво на 500м на вториот влезен сигнал на патниот премин. Патничкиот воз бр.634 кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, управуван од машиновозачот Р.С. удрил во автомобил „рено канго“ со неготински регистарски ознаки управувано од З.А.( 46 год) од село Прждево – Демир Капија.
Возачот од здобиените тешки телесни повреди, починал на местото на настанот, констатирале докторите на итната помош.
Судирот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници -транспорт Кире Диманоски, кој потенцира дека тоа се случило на обележан патен премин. Сообраќајот на делницата Велес - Гевгелија бил во прекин до 23.10 часот.
Tweet |