речник контакт

Во Велес и велешко 32 ново заразени, во Болница се згрижени 43 лица позитивни или сомнителни на ковид-19

Бројот на активни случаи во велешко се искачи на 178 пациенти

Петар Печков

Расте бројот на ново заразени во Велес и велешко од ковид-19. Изминатите 24 часa, има 32 ново заразени, соопшти Министерството за здравство  а зголемен е и бројот на лица згрижени во велешка Болница на 43 лица.

Изминатото деноноќие има еден оздравен и бројот на активни случаи во велешко се искачи на 178 пациенти.  

„Вкупно се хоспитализирани 43 лица,  од кои  33 се потврдени позитивни,чест се  сомнителни и четворица  пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравен со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

На Инфективно се згрижени  36 а на Интерно седум пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »