Петар Печков
Објавено: среда, 14 декември 2022
Од неодамна во Велес е регистриран првиот алпинистички клуб " Велесин". Еден од основачите на клубот и алпинистчки инструктор е Борче Јовчевски, а меѓу другите во клубот ќе помага и Слободан Бобо Димовски, млад алпинист во надоаѓање од Велес.
АК "Велесин" се зачлени и во заедницата на алпинистички клубови при МАФ Скопје.
„Добредојдени се сите кои сакаат ново адреналинско искуство во качување по карпи и учење на почетни чекори во алпинизмот“ - велат од клубот. Контактите се можни преку ФБ на горе споменатите две лица.
АК " Велесин" заедно со ЕГ Грин Пауер и ќе работа за меѓусебна помош во организирање на заеднички акции, натамошен развој на планинарењето, алпинизмот, маркирање на нови планинарски патеки и алпинистички насоки и промоција на дел од најголемиот планински масив Мокра во Македонија - Даутица и Јакупица.
Tweet |