Петар Печков
Објавено: петок, 16 април 2021
Во населбата Горно Оризари деновиве се асфалтирани се три улици во должина од 800 метри, а во вкупна квадратура 4076,6 метри квадратни. Инвестицијата е во вредност од 48.200 евра собрани средства од граѓаните на Оризари кои живеат во Македонија и странство.
„Проектот го реализира Месната Заедница со потрошени 48.200 евра, парични средства собрани од жителите на Горно Оризари и нивни сожители во дијаспората и со работна рака и ангажирање на жителите од селото. Досега околу 100.000 евра се имаат вложено во нови патишта во селото од самите жители“ - велат од МЗ.
Горно Оризари е најголемото населено место во Македонија во кое живее бошњачката заедница.
Tweet |