речник контакт

Во близина на Велес огнот зафати 100 хектари површина

Пожарот кај Башино село и езеро Младост изгаснат по 13 часа

Петар Печков

 По 13 часа, изгаснат е пожарот кој во вторникот напладне ја зафати околината на Велес. Првичните информации се дека е изгорена површина од најмалку 100 хектари со ниско стеблеста шума, сува трева, мал дел и лозја и борови.  

Бидејќи огнената стихија се закануваше на голема површина борова шума околу езерото Младост, и тамошната населба, при гаснењето ангажирани  биле и два  авиони ер трактори  на Дирекцијата за заштита и спасување а во еден дел од санацијата на теренот учествувале и војниците на АРМ.  

Огнот е регистриран околу 13ч. зад гробиштата на Башино село. Помогнат од ветрот тој се префрли преку ридот и стигна до боровата шума на Езеро Младост а еден крак и се закани на селото Новачани. Во гасењето голема помош имаше и од  локалното население. Пожарот беше ликвидиран во два часот по полноќ. Пожарот имаше големи размери и беше мошне тешко да се локализра  - изјави Љупчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес.

Освен нив на терен биле и екипи на ЈКП  Дервен, ШС Бабуна.  Неколку часа во вторникот попладне, се додека било видливо двата авиони на ДЗС го гаснеа огнот. Тој зафатил и дел од лозјата во близина на селото Новачани, како и дел  од боровата шума кај Езеро Младост.

Токму тука биле и најголемите напори на пожарникарите да се локализира огнот, бидејќи доколку зафатил повеќе од боровите дрва материјалната штета ќе била огромна. Првичните неофицијални информации говорат дека причина за пожарот е човечки фактор.

 Последните две седмици во околината на Велес имаше повеќе пожари, гореше Градската депонија за смет, огнот зафати дел до пругата Чашка - Стари град, потоа во близина на селото Отовица изгореа 20-тина хектари борова шума, на влезот од Велес кај реката Бабуна изгореа 30-ха сува трева.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »