Петар Печков
Објавено: вторник, 21 јануари 2014
Во општина Велес заедно со Чашка и Градско има пет илјади земјоделци кои одгледуваат најмногу житни култури, најмногу јачмен и пченица, помалку р`ж, пченка, ориз и овес. Тие се засадени на повеќе од половината земјоделско земјиште. Потоа доаѓаат лозјата и тутунот. Ова се бројките на Подрачната единица на Министерството за земјоделие.
Од нив само една десетина или 500 се регистрирани во Фондот на ПИОМ како индивидуални земјоделци и си го плаќаат пензионерското и здравствено осигурување. Во пошироката општина Велес има доделено повеќе до 10 илјади хектари обработливо државно земјиште под закуп, кое е доделено на 500 апликанти.
Пред два месеци 400 сопственици се пријавија за легализација на повеќегодишни насади на лозја и овоштарници во општините Велес, Чашка и Градско. Во овој период се легализираа и 900 трактори и приклучна механизација – изјави Антонио Трајковски раководител на ПЕ на министерството за земјоделие.
Насадите на лозја и овоштарници кои се легализирале лани, биле подигнати ан диво од страна на лица кои за тоа користат државно земјоделско земјиште.
Tweet |