Петар Печков
Објавено: петок, 09 декември 2011
На 08.12.2011година во 18,40 часот во с.Г.Оризари-Велес во близина продавница „Кај 1-та чешма“, по претходна вербална расправија помеѓу Б.Х.(1990) и М.А.(1989) двајцата од истото село, во еден момент Б.Х. извадил нож и го прободел М.А. во пределот на грбот.
М.А. е пренесен во Општа Болница Велес каде му е констатирана телесна повреда, информираа од СВР Велес.
Tweet |