Петар Печков
Објавено: сабота, 02 февруари 2013
Живописувањето на Црквата Св. Кирил и Св. Методиј во Велес е започнато од 2011 и се очекува при крајот на оваа 2013-та година да биде целосно завршен. Живописот го изведуваа пет ликовни уметници од Македонија. Распоредот на живописот и сцените се одредени според каноните на Православната Црква, но во голема мера зависат и од архитектонското решение на храмот.
Бидејќи тој е доста голем и раскошен, така и живописот е богат со многу сцени и светители. Во централната купола се наоѓа Господ Исус Христос, под него е Небесната литургија, Пророците, а во четирите помали куполи се сместени Евангелистите. Во највисоките зони се сместени Великите празници, под нив Христовите маки и страдања, сцени од житијата на Св. Кирил и Св. Методиј, старозаветни сцени, пророци, маченици, преподобни ...
Досега имаат нацртано 1.000 м2 од 1600 колку што има во црквата и плус уште 400 од крстилницата. Црквата ќе има и голем иконостас од 40-тина икони, подни мозаици. Ако се оди според планираното, во текот на оваа година ќе се случи и осветувањето, најавуваат од Повардарската Епархија на МПЦ.
Храмот се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид и е на лик по примерот на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта- струшко, има 500 метри квадратни површина. Се гради во византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која е веќе готова,а ѕвоната беа излиени во Виена Австрија. Камен темелникот на црквата беше поставен на 2-ри јуни 2006-тата година.
Tweet |