речник контакт

Вработените во Пошта штрајкуваат, поради неисплатена декемвриска плата

Не работат шалтерите во Пошта, ниту се разнесуваат пратки. Од АД ПОшти на Сверна Македонија реагираат, штрајкот беше непотребен, оти синдикатот знаеше дека платата е обезбедена

Петар Печков

Вработените во АД Македонски пошти штрајкуваат. Тие денес не работат со странки, не ја разнесуваат поштата и не работат шалтерите за прием на пратки и за уплата на финансиски средства.Такаа беше и во Поштата во Велес.

Причина е што не ја добиле декемвриската плата, иако помина 15 јануари, последниот ден до кога треба платите да се исплатат.

Поради тоа тие половина час беа пред вратите на Пошта, со што го искажаа нивниот револт. Но и натаму не работат со странки, се додека не биде исплатена платата. 

Од АД Пошта на Северна Македонија во писмено соопштeние реагираат дека синдикатот знаел дека платата е обезбедена и штрајкот за нив е политички мотивиран.

„Крајно тенденциозно и несериозно е организирањето на штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во Македонска пошта, во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се изманипулирани со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието“  -соопштија од  Македонска пошта.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »