речник контакт

Време е да се чисти велешката почва од тешките метали

ЕД Вила Зора напролет почнува два проекти на фиторемедијација и деконтаминација на загадените површини

Петар Печков

Екологистите од ,,Вила Зора,, ги  повикаа велешките  земјоделци, градинари да се приклучат на  нивната акција на чистење на загадената велешка почва.  Тоа ќе  се одвива на два начини, преку фиторемедијација и со деконтаминација. Засега немаат финансиска поддршка, но веруваат дека   важно е да се започне со отстранување на тешките метали, олово, кадмиум  кои се отровни и штетни по здравјето.  

Ги повикуваме велешките градинари, земјоделци кои имаат обработлива површина да се јават  и заеднички го почнеме процесот на деконтаминација на загадената почва. Начинот, како ќе биде тоа  извршено, ќе биде  лично договорено  со земјоделците. Помошта е  бесплатна и е  во соработка со  стручни  поединци од државата - најави Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.

 Тие се умориле со години на барање финансиска  помош од фондации, институции ама  никој не одговорил  потврдно, за деконтаминација на  велешката почва. Затоа сега тргнуваат сами  во  оваа акција, за која се надеваат дека ќе има одѕив кај земјоделците.  Велешката почва е  енормно загадена со олово, цинк  и кадмиум, тешки метали кои се штетни по здравјето, тоа го покажаа резултатите на повеќе истражувања, извршени во велешко.  

Добивме дозвола од Министерството за екологија, за фиторемидијација и деконтаминација на почвата, елаборатот беше  прифатен, проектот усвоен,  дозволен  како  еколошки  за спроведување. Оваа активност  за нас е  приоритет, ќе се  изведува на поголеми површини кои сега се празни, не се одгледува култура. И на индивидуални  површини кои земјоделците ги одмараат не ги  засадуваат. Таму   ќе засадуваме  маслодајна репка.  Имаме процесор за работа     за производство на био-дизел, сместен во погон на Маслодајна, каде има услови за работа согласно Законот и од оваа репка ќе произведуваме  гориво - рече Коциќ.  

Вака   третираната почва е безбедна  бидејќи од неа  ќе се    апсорбираат токсични метали и според светските искуства  фиторемедијација е идеален начин.  Друг начин на чистење на велешката почва е со металот зеолит, новина која ќе се спроведе во Македонија.  

Металот зеолит може да се употребува на површина каде се одгледува култура која се користи за храна. Тоа е  негативно наелектризиран  метал кој ги врзува позитивно наелектризирани метали, олово, кадмиум и растенијата  не можат да ги користат преку кореновиот систем.  За користење на зеолитот  добивме препорака од Техничко- металуршки  факултет при  УКИМ, дека е корисен  за деконтаминација за загадените површини во Велес. И оваа работа ќе ја вршиме   бесплатно, со стручна помош и потврдена од надлежни институции - вели Коциќ.

Што се однесува до финансиската поддршка смета на приватниот сектор и амбасадите во земјава. Екологистите од ,,Вила Зора,, планираат да ја  чистата почвата во поширокиот круг на градот,  таму каде има засадено култури   со зеолит, а каде има празна површина со маслодајна репка.  Но маслодајна репка не може да  се сади во централно градско подрачје и потребно се рози.  

Јавно- прометни површини, парковите  во градот  нема да се работат по лошото искуство со засадувањето на 7 илјади рози.   Неодговорниот однос на ЈКП Дервен, по реконструкцијата на парковите,  откако розите кои беа засадени беа отстранети, па вратени ама потоа украдени.   Не веруваме дека се украдени 3,5 илјади рози, бидејќи   ние ги делевме бесплатно кон граѓаните. Со засадување на рози ќе продолжиме кога институциите во градот соодветно ќе се однесуваат по ова прашање  - најави Коциќ.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »