Петар Печков
Објавено: вторник, 08 август 2023
На археолошкиот локалитет се реализира проект вреден 300 илјади долари со кој во период од три години се истражува Теодосијанската палата за која се верува дека де најбогатиот објект
Втора година по ред на археолошкиот локалитет Стоби се реализира проектот на Филантропската фондацијата Каплан од САД, вреден 300 илјади долари. Со него се испитува Теодосијанската палата. Проектот треба да се реализира во период од три години, годинава археолозите излегоа и работат на терен.
„Се работи на превентивна конзервација на мозаикот во перистилот. Фокусот е конзервација на архитектонските остатоци на ѕидовите и мозаичките подови“ - кажа Димитар Николовски археолог.
Со дел од добиените средства конзерваторите ќе се обучуваат и едуцираат со нови методи и пристапи на конзервација, кои се актуелни и се користат во светот. Се работи на Теодосијанската плата, која се смета дека е најбогатиот објект во локалитетот Стоби.
Во 388 г. императорот Теодосиј го посетил Стоби и тука издал два религиозни едикта со кои се забранува собирање на еретиците и јавни дискусии за верата. Верувањето е дека императорот престојувал во платата која е најбогата во населбата а во Стоби била токму таа, поради што го добила името Теодосијанска.
Tweet |