Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2020
Општинскиот кризен штаб на Велес ја прифатил понудата на Републичкиот и во вторник, по Велигден, Армијата ќе биде по улиците на Велес. Ова на прес конференција го најави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во очекување на зголемена фреквенција на луѓе, по продолжениот полициски час, прифативме во вторник во Велес да бидат претставници на Армијата. Ова е по искуствата кои ги имавме по минатонеделниот полициски викенд час. Се очекува дека ќе има голема навалица на граѓани пред банките, пред маркетите, пред пошта, пред пазар, затоа за запазување на редот ќе биде ангажирана војската за нивна асистенција. Не сакаме да се поништи ефектот од изолацијата од долгиот Велигденски полициски час - изјави градоначалникот Коцевски.
Освен војската во вторник во запазување на редот во градот ќе се вклучат и полицијата, пожарникарите, вработени во општината и од ЈКП Дервен.
Tweet |