Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 јануари 2011
Жителите на поголемиот дел на Европа, Северна Африка и Блискиот Исток утре во претпладневните часови ќе може да го видат првото од серијата делумни затемнувања на Сонцето во 2011 година.
Појавата гледано од Земјата во целина ќе започне во 7:40 часот, а „последниот контакт“ меѓу Сонцето и Месечината ќе биде во 12:01 часот.
Над територијата на Македонија затемнувањето ќе започне во 8:00 часот, а ќе заврши во 10:57 часот. Максималното „преклопување“ на Месечината со Сонцето ќе се случи во 9:24 часот.
Во текот на 2011 жителите на Земјата ќе бидат сведоци на шест затемнувања, од кои четири делумни на Сонцето и две целосни на Месечина.
Tweet |