речник контакт

Вчера се исчисти одронот од пругата кон Битола, утрово нов одрон на пругата кон Гевгелија, во него удрил товарен воз и излетал од пругата

Железничкиот сообраќај кон Гевгелија во прекин, кон Битола нормализиран, патнички возови ќе сообраќаат од понеделник

Петар Печков

Откако во вторникот се  исчисти пругата кон Битола од одронот на камења, утрово се случи нов одрон на пругата, овој пат  кон Гевгелија, близу станица Миравци. Поради тоа железничкиот сообраќај од Велес   кон Гевгелија и обратно  е во прекин. МВР  го потврди инцидентот, кога на одронот налетал и товарен воз. 

Утрово во 6,40 часот товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Табановце, удрил во одрон од камења помеѓу железничка станица Миравци и  железничка станица Клисура. При тоа дел од возот излетал од пругата, повредени нема  - изјави Хризантема Рендева портпарол на СВР Струмица.  Од ЈП МЖ Инфраструктура го потврдија инцидентот, велат дека имаат „вонреден настан„   со тоа што  најавуваат дека пругата ќе биде расчистена уште во текот на денот. Кога пред две години падна карпа на пругата кон Гевгелија, близу Велес,а поради важноста на оваа траса, истиот беше исчистен за два дена. Целиот превоз од Солунското пристаниште за Македонија но и за средна Европа ја користи оваа пруга.

Во текот на вчерашниот ден  ЈП МЖ Инфраструктура информираше дека е расчистен одронот на камења кој се случи на пругата кон Битола, помеѓу  железничка станица Мартолци и железничка станица Стари град и во текот на денот таму веќе минале два товарни воза. Одронот таму се случи на 15-ти март во вечерните часови. 

Железничкиот сообраќај од и кон Битола е нормализиран. На местото каде што беше одронот ќе се вози со брзина од 20 км/ч - информираа од ЈП МЖ Инфраструктура и додаваат дека од пругата биле отстранети околу 1.100 м3 каменест материјал.  Од МЖ Транспорт АД соопштија дека патничкиот сообраќај на релација од и кон Битола ќе биде воспоставен од понеделник а со колку и кои возови ќе соопштат утре. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »