Петар Печков
Објавено: вторник, 17 февруари 2015
Вардар годинава во два наврати ги поплави обработливите површини во околината на Велес. Речани и Шорка беа под вода. Таму велешките градинари го одгледуваат нивниот расад за пролетната берба. Но тие најавуваат дека пролетва ќе го нема во големи количини а и тој што ќе биде, ќе има повисока цена. Ќе има во помали количени. Домат, пипер, марула, млад кромид и млад лук, морков, спанаќ, магдонос. Поголемиот дел од расадот Вардар го поплави и уништи.
Вардар уништи се што имав под фолии. Водата остана неколку дена доволно за да го скапе. Толку труд и мака вложивме, се што имавме се отиде по реката. И пари што вложувавме за семе не знам како ќе ни се вратат. Нешто што ќе роди дури на лето, пролетва до јуни се заврши. А до тогаш како ќе не биде ... - разочарано вели градинар во Речани.
Неговата судбина ја делат уште триесетина други земјоделци од овој дел на велешко. Надојдената река, им го одзеде сработеното.. Не моатжа и тоа што остана по бавчите да го продадат, велат мириса на тиња, не се јаде.
Имав засадено млад кромид и таман сега требаше да започнеме да го собираме Вардар го поплави. Цела фамилија живеевме од ова. Како ќе не биде сега не знам. Многу тешко е. Сега треба да се исуши бавчата исчисти од тињата, па да се засади со нова култура и дури од есен нешто ако спечалиме -вели бавчованџија од Шорка.
Tweet |