речник контакт

Дарко Димитриевски, амбасадор на велешкиот спорт во странство

Ракометарот на Адемар Леон од Шпанија, доби признание од спортските работници од градот

Петар Печков

Дарко Димитриевски беше прогласен за спортски амбасадор на Велес.   Тоа е признание за младиот ракометар кој иако има 21 година веќе четири е надвор од земјата и настапува во клубови во странство, прво во Катар а потоа во Шпанија.   Ова признание му го додели Сојузот на спортови на Велес. 

Среќен сум што сум во друштвото на најдобрите велешки спортисти, со легендите на  спортот од градот.  Задоволен сум  што сум забележан од моите сограѓани, иако сум отсутен, евидентно дека се следат моите настапи, моите игри - вели Димитриевски. Тој првите ракометни чекори ги започнал под водство на тренерот Никола Бисиновски а потоа работел и со  Виларов и Шопов, кои помогнале да сигне до таму каде е сега.  За   Димитриевски кој игра на позицијата лев  и централен бек, еден дел од неговиот сон стана јаве.

Моја голема желба беше да  излезам од тука, да играм во странство, во квалитетни тимови, да станам голем ракометар. Сакав да играм во европски клубови, Адемар Леон е токму од тој профил, со богата историја. Се надевам дека ќе станам и стандарден член на македонската репрезентација - додава Дарко.  

Младиот ракометар за бргу стигна  високо на ракометното скалило, 2010 член на РК Борец, потоа на Вардар, Куманово, за да замине во Катар. Од таму  во Пуерто Сагунто од Шпанија а сега е во Адемар Леон.  Има настапувано со македонската јуниорска репрезентација а со  екипите на Куманово и Адемар Леон во Евро куповите. Со Шпанците во декември го заврши настапот во Евро куповите, елиминирани се  од ЕХФ Купот.   За 21 година возраст, доволно стаж, настапи за да биде забележан и повикан во поширокиот список на репрезентацијата.  

Се доаѓа со работа и тренирање. Како работам така  и напредувам. Се надевам и посакувам  дека ќе заминам  во уште поголем европски клуб. Времето е пред мене. Тоа што не сум во потесниот список на репрезентација  за СП во катар, ми дава  мотив повеќе за уште поголема работа, тренирање, да се најдам на тој список  за наредните натпреварувања на репрезентацијата. Мое е да тренирам а други одлучуваат дали таму јас треба да се најдам - вели Димитриевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »