речник контакт

Две бебиња родени во велешката болница, со награда од по 5 илјади денари

Ова е подарок за Надица и Емрија, од Комерцијална, за 31 октомври светскиот ден на штедење

Петар Печков

Две девојчиња, Надица и Емрија се родија во текот на вчерашниот ден 31 октомври, во акушерското одделениеа на  велешката Болница. Со тоа тие добија  парична награда од  Комерцијална банка по 5  илјади денари.

Оваа акција на Комерцијална банка  се реализира во Скопје и во градовите низ Републиката во кои Банката има свои филијали и експозитури, вклуќувајќи го и Велес. Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават на шалтерите на Банката  најдоцна до 31.12.2014 година. 

Комерцијална банка АД Скопје по повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, на сите деца кои се родија на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот, ќе им отвори штедни книшки – Отворено детско штедење “Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »