Петар Печков
Објавено: петок, 27 ноември 2020
Денес во велешко се регистрирани 55 нови случаи на лица позитивни на кводи-19 а оздравени се 42 пациенти, соопштија до Центарот за јавно здравје Велес.
Досега има вкупно 1.905 случаи, од нив оздравени се 1.101. Активни се 741 случаи од нив 68 се во болница шест на приватни клиники во Скопје и 667 на домашно лекување.
Во велешка Болница хоспитализирани вкупно 65 пациенти од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови, 15 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се 47 пациенти, на Физикално 11 и на Интерно седум.
Tweet |