речник контакт

Денес дури 141 оздравен од ковид-19 во велешко

Во Болница се згрижени 27 пациенти

Петар Печков

Голем пад на бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко откако денес имаше голем број оздравени. Дури 141 оздравен пациенти од ковид-19 се регистрирани денес, од страна на Институтот за јавно здравје., додека ново заразени се само 14 лица.Оваа состојба придонесе бројно на активни случаи во велешко да  се намали на  199 случај.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имашe згрижено 27 пациенти.  Од нив 19  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврден е еден  и четворица   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема  примени, испишани се четворица со еден негативен тест. На  континуирана кислородна поддршка се 1а лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и четворица на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »