речник контакт

Дервен го чисти Потокот, граѓаните прават смет

Потокот е чистен пред месец дена, а тоа е десети пaт годинaва

Петар Печков

ЈКП Дервен последен пат ја исчисти  локацијата за кога граѓаните реагиираат, пред неполн месец.  Оваа година претпријатието го чисти Потокот веќе 10-тина пати, иако според Годишната програма за работа има обврска тоа да го прави само четири пати во годината, велат од ЈКП Дервен по реакциите дека Потокот е нечист и полн со смет.

Со оглед на многуте активности со кои се бави РЕ Комунална хигиена, штом ќе има доволно време и работна сила, РЕ Комунална хигиена повторно ќе го чисти Потокот, иако тоа е вон Работната програма, а за доброто на граѓаните што живеат таму.

 
Во повеќе наврати ЈКП Дервен преку јавните медиуми апелира до жителите кај Потокот да не го фрлаат сметот и непотребните предмети од домаќинството во отворениот канал, но за жал, нашите апели не вродуваат со плод.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »