Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јули 2012
Сами си ги посадија, сами ги одгледуваа, на крајот ги обраа и со сласт ги изедоа. Така заврши неколкумесечниот проект ,, Нашата зеленчукова градина,, кој се реализираше во велешката Детска градинка, клон еден лоциран во месноста Дворови. Тоа што четириесетина деца сами го одгледуваа неколку месеци, сами и го изедоа.
Идејата за овој проект произлезе пред неколку месеци при реализација на активностите од Еко проектот, со кој децата учеа за плодови и цвеќиња. Така садејќи цвеќиња во дворот самите тие изразија желба да посадат зеленчукови плодови во градина. Децата заедно со градинарот и воспитувачките учествуваа во садењето на доматите, пиперките и тиквичките, наводнувањето, берењето, подготовката за јадење и секако уживаа вкусувајќи ги сопствените одгледани плодови – велат од Детската градина Димче Мирчев од Велес.
Во овој проект учество земале околу 40 дечиња од средната и голема групата на објект еден. Почитувајќи го големиот интерес на децата и водејќи се успешноста на овој мал и несекојдневен проект, во иднина Детската градинка ќе продолжи со него и ќе биде проширен во другите објекти на оваа детска институција.
Tweet |