Петар Печков
Објавено: сабота, 14 септември 2013
Во рамките на Филмскиот фестивал ,,Манаки,, во дополнителната програма ќе биде прикажен и документарецот ,,Велес капут,, 2008 година, 23 минути на авторите Александар Кукулев, Владимир Тевчев и Данчо Стефков. Документарецот ќе се прикаже во програмата Дебатно кино „Контра кадар“ , среда вечер во 22 часот.
Во најавата за овој документарен филм организаторот запиша: ,,Контра кадар“ има чест да Ви го претстави еколошкиот документарен филм „Велес капут“, кој во рамките на Фестивалот „Браќа Манаки“ го доживува своето прво кино прикажување. Гости на дебатата ќе бидат Игор Смилев и Александар Кукулев, членови на еколошкото друштво „Green Power“, и дел од екипата која го изработи филмот.
Tweet |