Петар Печков
Објавено: сабота, 23 септември 2023
Денес во Велес се одржа 29 републички натпревар во Прва помош. Организатор беше Републичкиот Црвен крст и Општинската организација од Велес. Учествуваа 30 екипи од исто толку градови во Македонија.
Сите учесници беа екипи составени од средношколци, победници на општинските натпревари. Победник е екипа на средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес.Второто место го освои екипата од Струмица а третото од Куманово. Догодина 30 Државен натпревар ќе се одржи во Штип.
Сите учесници на пет пункта, кои беа лоцирано во Младински парк и во дворот пред Гимназијата, го покажува нивното знаење од различни области на првата помош.
Нив ги оценуваа доктори од градовите учесници. По збирот на оценките од сите пункта, победник е средното хемиско училиште Димитрија Чуповски.
Државниот натпревар по прва помош, годинава се одржува под мотото „Првата помош спасува живот“.
Победнички се:
Ива Гргиќ - втора година
Теа Славевска - втора година
Елена Наумова – трета година
Марија Нечева - четврта година
Bерица Мишкова – четврта година
Бојана Воденичарова – четврта година
ментори -
д-р Лиле Настова
д-р Сандра Игнова Тања Јаковлевска од ОО Црвен крст Велес
Tweet |