речник контакт

Заев- херои се тие кои мислат на децата а не на себе

Маршот за вистината, на опозицијата во Велес

Петар Печков

 Со маршот за вистината, во организација на опозицијата вечерва во  Велес се  одржа протестот на СДСМ. Тој заврши со митинг пред Гимназијата, каде се обратија првите луѓе на СДСМ.   Лидерот  Зоран Заев порача од  Велес кој за него е вечен пишувач на македонската историја, дека  ова  не  е меѓу партиска борба. 

Ова не е обична битка, партиска помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , ниту на опозицијата  против власта, ова е битка на   слободарскиот народ против врхушката на власта, ова е   народна борба во 21  век со докази и аргументи.  Ова  е битка за човековите слободи и права, загубени во Македонија.    Цела Европа покажува дека во Македонија владее диктатура и автократски режим , до кое дереџе дојде државата.  Од поединци зависело кој ќе е на слобода кој ќе е зад решетки.  Повеќе молчење нема. Конечно дојде и македонската пролет, нема да ја испуштиме. ќе се врати слободата и демократијата кај сите граѓани. не има се повеќе, бидејќи на сите им е јасно, мораме ова ние граѓаните да г о спречиме.  Ќе не прашаат и деца и внуци, што сме правеле а сме знаеле и сме биел сведоци, кога  некој ја украл државата од народот. Херои се   тие кои повеќе мислат на своите деца отколку на себе. Заврши времето кога народот молчеше, трепереше, шепотеше,  време на страв и понизност. Дојде време да ја вратиме слободата и демократијата, во рацете на народот - рече Заев на вечерашниот собира во Велес.  Тој обраќањето го заврши со барање оставки на државниот врв.

 Ова е битка  за вистината. Таа како  нашиот марш, почнуваш далеку а секој ден  си  поблизу до целта. Тоа е слободата, демократијата. Целта е овие граѓани  да можат да кажат дека никој  не  им  може.  Покажуваме дека  стравот не живее во Македонија. Кога власта организира  нешто,  на влезот во градот ве  чекаат стотици  автобуси, затоа што  нив  не им треба Велес. Нив им требаат туристи кои ги водат од еден во друг  град,  кои слушаат и ракоплескаат. Денеска слушнавте дека поединци од медиумите се богатат со милиони евра,за да ја покажат розовата слика од животот и  ве убедат како убаво живеете. Дека нечии синови  со дрога во џебот можат да минат граница без контрола.  Дека судските одлуки не ги пишуваат судии,туку во меѓу партиски пазарења. Власта со  телефонски разговор мисли кој ќе биде притворен а кој слободен.  Покажуваме дека власта владее во лажни лица. Затоа во Брисел на Груевски деновиве му се откажуваа состаноци, не му се закажуваа   -    рече Радмила Шеќеринска заменик претседател на СДСМ.    

Девет години ВМРО-ДПМНЕ  се обидуваше да го  сокрие  системот на владеење, преку контролираните медиуми, притисоци,  закани.  Но со овие телефонски разговори паднаа маските, лагите, поигрувањето со човечките судбини. Секојдневно  граѓаните на своја кожа имавме можност да го   почувствувавме партизираното судство, здравство, администрација,  вработување, што значи да ен си дел до фамилијата. Не можете да ги остварите основните  права ако не сте дел до нивниот колектив а ко  поединец или група покаже дека размислува со своја глава, покажеш сопствен став, јавно се линчува,  тој е непријател на системот. Лесно е да се владее кога наместо среќата, стравот е секојдневието на  народот, за иднината на себе и своите  деца.  Лесно е да си владетел на уплашен народ, потребно е да си  нечовек - рече партискиот лидер на велешките социјал демократи Панче Иванов.    Тој спомена дека Велес е лидер по бројот на  иселени млади лица во  странство. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »