Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2020
Финишираат градежните активности на втората и завршна фаза од регионалниот патен правец од село Голозинци до раскрсницата за Горно Врановци и Јаболчиште, информираа од локалната власт на Општина Чашка.
Започна асфалтирањето на трасата во должина од 5.5 км и ширина на коловозна лента од 5 метри. Проектот е финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 50 милиони денари.
Претходниот период се изврши проширување на оваа делница, по што започна и асфалтирањето.
Поради овие асфалтерски работи кој ги изведува Македонија пат, патот ќе биде затворен од денес четврток 9-ти јули, секој работен ден освен во недела , во наредените четириесет дена, за секаков вид на сообраќај во период од 10 до 15 часот.
фото: архива ТрМр
Tweet |