речник контакт

Започна со работа фабриката Маркард крај Велес (фото)

За почеток вработени 170 лица а инвестирани се 25 милиони евра.Погоните се лоцирани во индустриската зона Караслари и се произведуваат автомобилски делови за познати брендови

Петар Печков

Отворена е фабриката за автомобилски делови ,,Маркард,, која е лоцирана близу Велес. Таа за почеток вработува 170 лица  со високо и средно образование и досега во нејзината изградба  се вложени 25 милиони евра.  Погоните на германската фабрика се лоцирани во индустриската зона Караслари и таа   произведува  автомобилски делови за познати брендови како што се: БМВ, Фиат, Крајслер, Јагуар, Сканија, Ауди, Мерцедес. 

 Пред неколку години беше стратешки оценето  дека покрај  нашите постоечки локации  е потребна друга европска каде  ќе треба да се обезбеди нашиот раст. Почнавме да избираме различни земји, најмногу од Југоисточна Европа и да ги селектираме според дефинирани критериуми.  Во конкуренција беа уште две земји, но условите  кои ги добивме во Македонија беа причина нашиот избор да биде Вашата земја. Вие имате кадар кој има висока стручност и познава јазик, што беше мошне важно за нашата одлука. Компанијата е извозно ориентирани и ќе даде свој придонес во македонскиот извоз во Европа и светот. Велес го добравме бидејќи земјиштето е близу автопатот и има добра инфраструктура.  Модерното производство во фабриката во  Велес, вклучува повеќе различни линии со високи технологии кои бараат врвно ниво на знаење – изјави сопственикот на компанијата д-р Харалд Маркард.

Фабриката се простира на 15 илјади  метри квадратни. Сопствениците најавуваат дека согласно нивниот бизнис план,  до крајот на 2016 година тие ќе  вработат  околу  400 лица. А до крајот на 2018 година, Маркард Македонија ќе има околу 600 вработени додека  вкупната инвестиција ќе биде 35 милиони евра. Маркард има 13 фабрики низ светот, на четири континенти, со 8 илјади вработени а годинава одбележува 90 години од постоењето.  По неколку децении ова е прва фабрика која се отвори во Велес. 

Ова е првата голема странска инвестиција во Велес и воопшто првата голема фабрика која по 20 години се отвора во овој град,  Со нејзиното отворање, се прекинува традицијата на затворање фабрики во Велес што долги години наназад се случуваше во овој град. Маркарт важи за еден од најголемите добавувачи на автомобилски делови во светот и нивниот влез во Македонија, уште повеќе го зајакнува имиџот како земја на автомобилската индустрија. Доаѓањето на „Маркарт“ и на сите странски инвестиции  значи и поддршка за домашната локалната индустрија како во Велес, така и пошироко  - изјави   премиерот  Никола Груевски на отворањето на фабриката.

Маркарт групацијата  е основана во 1925та, е водечки светски производител на електромеханички и електронски додатоци и системи за автомобили, електричен алат, апарати за домаќинство и други индустриски апликации. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »