Петар Печков
Објавено: вторник, 15 јануари 2013
На продолжението од судењето за убиството во велешкото село Ореше, во Основниот суд во Велес се случи драматичен пресврт откако заштитениот сведок побара да мусе симне ова својство. Преку неговиот бранител Ангеле Илиевски тој во писмена форма доставил до Одделението за заштитени сведоци и судскиот совет кој го води овој предмет изјава за повлекување. Застапникот Илиевски не сакаше д зборува кои се мотивите на неговиот клиент зошто така одлучил.
Доколку до наредното рочиште ова биде процесуирано, тој ќе се појави како обичен сведок. Тогаш се ќе објасни за ова негово симнување на својството заштитен сведок и сите други моменти. За оваа негова одлука никој не решава, туку е негова волја и таа треба да се почитува – изјави адвокатот Илиевски, кој зборуваше за загрозен а не заштитен сведок.
Следното рочиште за овој предмет е закажано за 24-ти јануари и доколку биде јавно ќе се случи во Велес, кога за прв пат ќе се појави и заштитениот сведок Бреза, кој ќе даде своја изјава. Доколку остане и натаму заштитен тогаш процесот ќе се одвива во Основен суд Скопје еден.
Ситуацијата околу заштитениот сведок Бреза во случајот убиството во Ореше внесе многу тензии во овој предмет. Откако пред јавноста излезе записникот од неговото сослушување беше сменет судијата кој го работеше. Во судницата во еден момент и обвинетиот Петровски дури го кажа неговото име а другите двајца обвинети велеа дека името на ,,Бреза,, е јавна тајна.
Според обвинението Горе Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители за 20 илјади долари ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење.
Tweet |