речник контакт

Игор Ѓоргоски е нов началник на униформирана полиција во СВР Велес

Петар Печков

Ѓоргоски својата кариера ја започна во АРМ на РСМ во 2001 година како професионален војник во 3-тиот баталјон на ВВ и ПВО, каде што во 2003 година се стекнува со чин водник-командир на ракетно одделение Стрела 10 М-заменик командир на вод.

Во 2005 година со превземање од АРМ во МВР е распореден како полицаец во ПС за ОДГ Богородица, а од 2012 година е распореден во СВР Велес, ПС ОН Велес како дежурен и извршува работни задачи како лице за прифат-сменоводител.

Во 2014 година кариерата ја продолжува како виш инспектор во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал до крајот на 2015 година кога е распореден на работно место заменик командир во ПС ОН Велес, а од 2019 година заменик командир во ПС за БПС Велес при СВР Велес, од каде сега ја превзема фунцијата Началник на одделение на полиција при СВР Велес.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »