речник контакт

Им земале пари им побегнале со колите на бегалци од Сирија

Условна казна затвор за четворица измамници од Долно Караслари, кои им земале пари на емигранти и побегнале не ги превезле до граница

Петар Печков

Четворица жители  на велешкото село Долно Карасари добија условни затворски казни, затоа што измамија 11 сирски белгалци и ги оштетиле за 2,2 илјади евра.  Јордан Мишевски, Даниел Додевски, Гоце Велковски, Стојанче Илиевски се прогласени за виновни во Основен суд Велес  за кривично дело измама и добија условна затворска казна од три месеци ако во следните година дена не сторат друго кривично дело.

 Тие ноќта помеѓу 23 и 24 октомври минатата година, кај бензинската пумпа на автопатот Велес - Скопје,  на влезот на селото Долно Караслари, пресретнале група од 11 емигранти од Сирија и понудиле дека за 200 евра ќе ги пренесат  од Велес до македонската граница  кај  Куманово.

Според обвинението, четворицата пријатели дошле со нивните автомобили  марка голф, форд фокус, форд мондео и ауди,  ги земале парите 2,2 илајди евра од оштетените Сиријци и со објаснување дека ќе одат да полнат гориво од блиската бензинска, ги стартувале колите и  избегале.  Ама Јордан Мишевски, кој бил под дејство на алкохол имал проблеми со колата, која заглавила, сиријците трчале по него но во бркотницата успеал да избега и се повредил.

Затоа пак отишол до полициската станица во Велес каде пријавил дека над него од 11-те лица е извршено разбојништво, одземена му е колата, парите, мобилен телефон а бил и физички нападнат и повреден. Со ова Мишевски сторил ново кривично дело ,,лажно пријавување на кривично дело,, за што е осуден на 50 дневни глоби од по 10 евра, или во денари 31 илјада.

Сите четворица измамници, се препознаени од оштетените, имаат обрска на сиријските државјани да им платат по 200 евра, колку што им зеле  за обврска да ги пренесат до Куманово.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »