Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 септември 2013
Во првиот уписен рок за бруцошите во Велес се пополни Техничкиот факултет од Битола отсек информатика и компјутерска техника диспензирана настава Велес каде се запишаа 54 во прва година во државна квота и 8 вонредни. Овде нема повеќе слободни места. За разлика од него на
Земјоделски факултет диспензирани студии по винарство и лозарство во првиот уписен рок се пријавил само еден, тој не е примен па остануваат 40 места за упис за редовни со надомест од 100 евра. Останува загатка, зошто завршените средношколци велешани немаат интерес за ова наставна програма, оти и лани за неа никој не беше пријавен.
На Економски факултет диспензирана настава во Велес по сметководство и ревизија во првиот уписен рок примени се 19 редовни во државна квота од 40 колку што предвидуваше уписот. На Факултетот за туризам и угостителство од Охрид во Велес на диспензирана паралелка хотелско ресторански менаџмент се запишале 11 бруцоши од 40 колку што е предвидено за упис.
На Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес во прва година на нутриционизам примени се 23 редовни и 2 вонредни а на биотехнологија примени се 3 редовни и 2 вонредни. И на двата смера се примаа по 40 редовни студенти. Вториот упис е на 3-ти и 4-ти септември.
Tweet |