Петар Печков
Објавено: вторник, 18 август 2020
МВР информираше за инцидент кој се случил вчера напладне, пред банка во центарот на градот, кај Сармаале. Според лицата кои биле пред банката, обезбедувачот, кој воведувал ред, откако странка сaкала да влезе преку ред, била опомената а тој, наместо да се врати го фатил за гуша обезбедувачот.
Понеделникот 17-ти август во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот. Тој бил приведен во Полициската станица Велес - информираа од МВР.
По целосно расчистување и документирање на настанот СВР Велес ќе поднесе соодветна пријава против сторителот.
Tweet |