Петар Печков
Објавено: петок, 04 април 2014
Во Младинскиот парк членовите волонтери од Здружението ,, Гласот на животните,, од Велес ја организираа добротворната хуманитарна акција во чест на 4-ти април, Светскиот ден на бездомните животни. Таа беше продажна а собраните средства од донациите и продажбата на рачно изработениот материјал и блага се наменети за обезбедување на храна на бездомните животни од Велес.
Светот го делиме и живееме со други живи суштества на кои им е потребна нашата помош и љубов. Треба да живееме со нив во хармонија а не да ги злоупотребуваме, мачиме, малтретираме, убиваме, како досега. Во Велес има многу бездомни кучиња и мачки кои се измачувани, малтретираат без причина. Да им покажеме љубов и тие возвраќаат со љубов. Потоа да не ги напуштаме милениците. Сакаме и помагаме секогаш кој некој ќе ја побара. Почнавме како мала група, а се повеќе и повеќе се шириме, доаѓаат млади. Полека успеваме да ја покренеме свеста за животните. За жал имаме повеќе бездомни животни. Но и со тоа што го добиваме успеавме да се справиме со проблемите на животните кои ги имаат, прехрана, ветеринар, сместување , отколку што добиваме помош – рече Меги Ѓоргиева од Здружението ,,Гласот на животните,,.
Tweet |