Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јуни 2017
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев во март најави дека годинава до крајот на април ќе се изврши одбележување на пешачките премини во градот. Но мина и месец мај а од најавената хоризонтална сообраќајна сигнализација по велешките улици ништо.
И натаму пешаците низ градот минат по сеќавање, оти толку се избледени пешачките. Од општината најавуваат дека прашање на време е кога ќе бидат одбележани.
Договорот за одбележување на хоризонталната сигнализација е веќе склучен. Избрана е фирмата која даде најповолна понуда за обезбедување на боја за оваа цел. Нарачката е направена. Согласно роковите во тендерската постапка, се очекува во наредните денови таа да пристигне. Веднаш по пристигнувањето, доколку дозволат временските услови, ќе се пристапи кон одбележување на хоризонталната сигнализација и на пешачките премини. И оваа година активноста ќе биде реализирана со помош на екипите од ЈКП Дервен, како најисплатлива опција за општината – изјавија од Општина Велес, одговарајќи на поставеното прашање.
Пешачките премини лани во мај, неколку дена по одбележувањето исчезнаа од улиците. Чадиев тоа го препиша на лошата боја која се користела и дека годинава таков случај нема да се повтори.
Tweet |