Петар Печков
Објавено: вторник, 28 февруари 2012
На јавната презентација за трасата на автопатот забелешка имаше од локалната власт на општина Велес. Тие побараа од автопатот М-5 да има приоден пат до езерото Младост.
Овој локалитет општината го предвидува како голем туристички центар. За таа цел се изведуваат повеќе градежни активности, тука има мотели, ресторани, но нема приод до езерото – рече Влатко Трајков. Тој побара да се вметне оваа забелешка во трасата. Авторот на проектот изјави дека тие ова го имале во предвид, но не било можно да се стори.
Не е можно да се изведе пат кон езерото Младост. Тоа е тешко и комплицирано и затоа ќе треба потенцијалните гости на претходна клучка за се исклучат ако сакаат да стигнат до езерото Младост –рече авторот Трајковски.
И сега езерото Младост иако се наоѓа помеѓу двата краци од автопатот Скопје – Велес и обратно, тоа е отсечено од оваа сообраќајница и потребно е да се минат многу заобиколници да се стигне до него.
Tweet |