речник контакт

Како се пресметува денот на Велигден

Догодина Велигден заедно ќе го слават и католиците и православните. Во 2016 тој ќе биде заедно со Први мај.

Петар Печков

Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа  Велигден се дефинирани дури во 526 година.

Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти  април  до 8-ми мај што значи и два дена по Ѓурѓовден.

За илустрација до година Велигден ќе се слави заедно и по Јулијанскиот и по Грегоријанскиот календар, на 20-ти април. Заедно ќе биде и во 2017-та на 16-ти април. Во 2016-тата пак  православните Велигден  ќе го слават заедно со Први мај.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »