речник контакт

Кандидатка на 93 години беше на листата за член на Совет во Општина Велес

На листата на кандидати во Лозово беше и Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“. Листите за советници на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во Велес со повеќе жени отколку мажи

Петар Печков

Откако заврши гласањето за избор на членови на Совет за Општина Велес, ТрМр анализираше на која возраст беа кандидати. Поточно кои кандидати беа највозрасни.

Највозрасен кандидат за член на Совет за Општина Велес беше лицето Радмила Јанушевска со 93 години возраст, член на МААК. Од оваа партија е Јаготка Ѓорѓиевска со 80 години. Со 79 годишна возраст Томе Марков од партијата ЗНАМ е трет на ова склалило по возраст. 

Во Лозово Томислав Иванов од група на избирачи со 86 години е највозрасен. Меѓу кандидатите за член на Совет е Атиџе Муратова, од документарниот филм „Медена земја“, која е на 4-то место од Демократската партија на Турците во Македонија.

Ќе останат забележани листите за членови на Совет, на партијата ЗНАМ и на коалицијата ВМР0-ДПМНЕ каде имаше повеќе жени кандидати на листата по 13,  отколку мажи, од 23  лица колку што има имаше на листата. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »