Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2020
Вчера, во средата велешката полиција ги контролирала возачите, кои управувале возило по улиците низ градот, дали ги почитуваат правилата за првенство на минување. За пет час, констатирани биле девет прекршоци.
На 28.10.2020 год. во периодот од 7.00 до 12 часот во СВР Велес е спроведена акциска контрола на возачи кои не го почитуваат правилото за првенство на минување, при што се регистрирани 13 прекршоци, од кои девет во Велес, три во Кавадарци и еден во Неготино. Истите се санкционирани со соодветни пријави - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Tweet |