Петар Печков
Објавено: петок, 11 ноември 2011
Во ноќните часови,засега непознати сторител или сторители го демолираа приватниот автомобил марка ,,SAAB,, на Горан Петров, градоначалник на Велес. Засега не е познато кој стои зад вандализмот. Градоначалникот вели дека не знае кој би можел да стори такво нешто.
Утрово кога тргнував на работа на местото на кое со години стои мојот автомобил затекнав искршени три стакла од прозорците. Ова е намерно сторено и не случајно мојот автомобил е оштетен. Оставам МВР да го расчисти случајот. Не можам да посочам на поединец или група, на директни или индиректни закани. Очигледно дека сакале да ми упатат порака. Таа е примена. Мојот одговор е дека како човек и како градоначалник работам по мојата совест и по законите и нема да го сменам начинот на размислување и работење. Ова е безумен вандалски чин - изјави Петров.
Од СВР Велес велат дека работат на откривање на сторителот или сторителите. Соседите што живеат во близина на местото на кое се случил инцидентот не слушнале ништо сомнително таа вечер.
Tweet |