Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2013
Како летна понуда зa велешани најавени се неколку интересни културни содржини, кои се во рамките на летниот културен бран, кој го организира Министерството за култура. Така на 26 јули е концертот на групата Синтезис а на 28 август е концертот на Кристина Арнаудова.
При крајот на јули ќе има и гостување на фолклорен ансамбл од Хрватска а при крајот на август тамбурашки оркестар од збратимениот Сомбор. На 21 јули е гостувањето на Театарот за деца и младинци со хит претставата ,,Македонска приказна,,. Во август е гостувањето на ансамблот ,,Келтикум,,.
Настаниет се предвидени да се одржат во Амфитеатарот од Младиснкиот парк а доколку временските услови не дозволуваат, тогаш во салата Бели мугри. Овие настани се во организација на Министереството за култура и Општина Велес.
Tweet |