речник контакт

Македонија ги исплати старите девизни заштеди

Решен еден од историски наследените проблеми од поранешна СФРЈ. Државата за ова за 10 години исплати 576 милиони евра

Петар Печков

Исплатена e последната рата од обврзницата за старо девизно штедење во износ од 25,7 милиони евра. Со ова, како што истакна  вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заокружен е еден историски процес во самостојна Република Македонија и е исправена неправдата кон граѓаните и фирмите со заробени девизни заштеди.  

 Со заокружувањето на овој процес целосно се обештетија граѓаните и фирмите на еден транспарентен и ефикасен начин и се докажа цврстата определба на државата за навремено сервисирање на своите обврски. Дополнително со оваа исплата ќе се подобри ликвидноста на стопанството за нови 1,5 милијарди денари, рече на прес-конференција министерот Ставрески.

Првата рата од обврзницата е исплатена на 1 април 2002 година. Рокот на отплата на обврзниците беше 10 години, односно се исплаќаа во 20 полугодишни рати, на 1 април и на 1 октомври. На номиналната вредност на обврзниците се пресметуваше и камата која државата им ја плаќаше на граѓаните и фирмите во висина од 2 отсто годишно. За 10 години, од буџетот на Република Македонија исплатени се вкупно 576 милиони евра од кои 512 милиони се главница и 64 милиони евра се камата. Годишно за двете рати се исплаќаа по 52 милиони евра.

Република Македонија е пример како се решава еден историски наследен проблем од поранешна Југославија, истакна Ставрески и додаде дека некои од земјите од поранешната федерација се уште го немаат решено ова прашање. Тој појасни дека по настанување на проблемот со заробените двизни влогови при распадот на СФРЈ државата се обиде да го реши, така што донесе два закона за обештетување на граѓаните во 1992 и 1993 година, со кои овозможи исплата на депонираните девизни влогови за одредени намени и под одредени услови, како на пример приватизација на општествените станови.

Сепак, додаде, со овие два закона се исплати само дел од заробените девизи. Со оглед на потребата од трајно регулирање на исплатата на депонираните девизни влогови и обезбедување средства за нивна исплата, во 2000 година е донесен Законот за начинот и постапката за исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните за кои гарант е Република Македонија. Со тоа конечно, на трајна основа се реши овој долгогодишен проблем кој значајно ја поткопуваше довербата на граѓаните во штедењето и банкарскиот систем во земјава.

Ставрески рече дека со Законот е овозможено истата година да се исплатат сите штедни девизни влогови во износ до 50 евра, како и еднократна исплата на 3 проценти од секој штеден влог на граѓаните, а за останатите штедни влогови Република Македонија издаде обврзници.Обврзниците гласат на име и во евра, но нивната отплата се врши во денарска противвредност, според средниот курс од курсната листа на НБРМ на денот на исплатата, преку комерцијалните банки

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »