речник контакт

Македонски ковани пари за колекционерски цели

Ги издава Народна Банка на Македонија

Петар Печков

Досега Народната Банка на Р. Македонија има издадени ковани колекционерски пари за браќата Кирил и Методиј и за хороскопските знаци: лав. девица, вага, скорпија, стрелец, јарец. 

Ковани пари за колекционерски цели се уникатни, репрезентативни и со извонредна уметничка вредност и придонесуваат за промоција на Република Македонија.

 На предната страна од кованата пара за Кирил и Методиј, од илјада денари, е претставена слика на манастирот Свети Наум и седум светци над него - свети Кирил и свети Методиј и нивните пет ученици: свети Наум, свети Климент, свети Сава, свети Ангелариј и свети Горазд. На долниот дел од монетата има натпис Република Македонија на македонски јазик. На горниот дел, на десната страна, е прикажан македонскиот грб, а на левата страна е прикажан апоен од „1000 денари“ на македонски јазик. Од ззаданта страна се

претставени портретите на свети Кирил и свети Методиј. Нејзината цена е 49 илјади денари.  На кованицата за Кирил и Методиј од 100 денари, цената е 3.800 денари.  Кованите пари за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, „Лав“ ,  „Девица“ , Вага, Скорпија, Јарец, Стрелец, се законско средство за плаќање во Република Македонија

Ковани пари за колекционерски цели издадени досега од НБМ се : Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец. Имаат цена од 2,7 илјади денари. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »