речник контакт

Македонците во Хрватска ја одбележаа 78 годишнината од издавањето на Белите Мугри (фото)

25 ноември 1939 - 25 ноември 2017-та. Децениското пријателство помеѓу двата збратимени града Велес и Самобор, двата народи, Хрватскиот и Македонскиот

Петар Печков

Традиционалната манифестација ,, Денови на  Рацин – Бели мугри,, во петокот се одржа во Самобор  - Хрватска.  По повод 78-та година од издавањето на збирката поезија на Рацин, свеченоста   се одржа во Музејот на град Самобор.  

Настанот започна  со  положување на  цвеќе  на споменикот на Рацин, во паркот, од страна на Заедницата на Македонците во Република Хрватска.  За животот и делото на поетот,  зборуваше Васил Тоциновски  а се читаше и  поезија од Коста Солев.  

Збирката поезија ,,Бели мугри,, е отпечатена  во 1939-тата во Самобор, во печатницата на  Хрватот  Шпулер а оригиналот и денес се чува во тамошниот   музеј.  Пред гостите се обратил и претседателот на градскиот Совет на Самобор, Миран Шоиќ.

Тој го  нагласил децениското пријателство  помеѓу двата збратимени града Велес и  Самобор, двата народи, Хрватскиот и Македонскиот,  како и  меѓу двете држави Хрватска и Македонија. А сето тоа се темели на вредното дело на  Коста Рацин ,,Бели мугри,,.  

Во склоп  на свеченоста настап имале членките на составот ,,Моми бисерни,, и драмско  -литературната дружина  ,,Ленка,,. На завршувањето на настанот  вредните раце на Македонките од хрватска за Гостите подготвиле македонски гастрономски специјалитети.  Организатор  на настанот било македонското здружение ,,Охридски бисер ,, од Загреб.  

Стихозбирката е отпечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект.

фотографиите се од Заеднцита на Македонците во Хрватска  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »