Петар Печков
Објавено: сабота, 01 март 2014
Мартинка е декорација од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во Бугарија, Романија, Македонија и Грција.
Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои - бела и црвена. Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен.
Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.
Tweet |