речник контакт

Михов трча 24 часа без прекин а други возат толку па се одмараат

Атлетичарот кој како од шега ги руши рекордите

Петар Печков

Велешкиот атлетичар Трајче Михов  како од шега ги соборува државните рекорди во 24 часовно трчање. На последното Светско првенство, одржано во средината на април во Торино Италија тој истрча 226 км а во октомври лани на ултра маратонот во Белград трчаше 222 км.

Така тој последните години сам ги руши рекордите, кој сам ги поставува.  Ако златното животно правило е 8:8:8, спиј работи одмарај, за Трајче тоа не важи. Тој минува 24 часа во трчање. 

Оваа трка во Торино  беше досега најтешка во мојата кариера, оти заминавме на 3 степени од Велес а а таму имавме плус 30.  И тоа тешко ми падна, оваа температурна разлика - вели Михов.  

На  18-то СП, истрча за 44-то место во светот од 180 натпреварувачи а истовремено се   трчало и  Европското првенство каде меѓу   130 натпреварувачи беше 34-ти.  Пропозициите се дека учесниците трчаат сите 24 часа,  а  во Италија се трчало на атлетска патека од стадион 400 метри и останати 1,6 км низ парк во близината.  Во тие 24 часа натпреварувачот нема ограничување дали и колку ќе одмара, ќе паузира.

Трајче имал 3 паузи од по 10-тина минути, да се одмори, да касне нешто храна, се напие вода  ако  може и да дремне некоја минута.  Поентата на овие трки е што повеќе километри   да  се истрча  на кружна патека. Тој и колегата Толевски нашле начин како да се освежат. 

Секоја држава имаше  свој шатор, а ние, бидејќи бевме двајца  јас и колегата Виктор имавме среќа да бидеме во шатор со Украина. Тие имаа свој масер, па ние го користевме да не масира и нас.  Така полесно ја издржавме патеката и трчањето - додава Трајче.

Тој е член на АК Велес, има 46 години, започнал да се бави со трчање пред 13 години, откако се вработил во Македонски пошти, каде работи како поштар.  Тој трча и маратон и 24 часа, последно време ова второто почесто, истовремено со 12 часа. За неговата  издржливост, велешани низ насмевка коментираат,,некои кога возат  автомобил по одредена километража се одмараат, а тој  трча па не застанува,,. 

На овие временски трки, се трча со послабо темпо, за да се има повеќе снага за повеќе километри, подлога далечина да се истрча. Во Торино сакајќи да имам добар резултат  тргнав силовито и брзо, не се хранев, не   пиев што ми се одрази во натамошниот дел од трката. Затоа оваа трка ми беше мошне тешка - објаснува Михов. Финансиски учеството на првенството ги поддржала општината Велес  и дел од  неколку фирми од градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »