Петар Печков
Објавено: петок, 02 ноември 2012
По две години откако беше изграден наскоро се најавува дека ќе почне и да се користи помошното фудбалско игралиште. Летово е потпишан е договорот за користење на помошното фудбалско игралиште со кој Општина Велес му го предаде на ЈП Парк спорт, откако тоа подолг временски период не беше одржувано, беше надвор од употреба, не беше редовно и тековно одржувано, па теренот е сериозно оштетен, на него трчаа кучиња наместо фудбалери.
Тоа денес не е во најдобра состојба и кондиција. Нема на одредени места трева, има длабнатини и нерамнини. Системот на поливање е со серозни оштетувања поради што не може да се полева, има голема загуба на вода во хидрантскиот систем. Заради тоа е поднесено барање изградба на бунар за наводнување.
Теренот започна да се користи од организирани спортски фудбалски школи од градот. Не е во таа форма како што ние посакуваме, но се користи. Дефектот на санитарните јазли во просториите е отстранет и тие се во функција. Имаме проблем со теренот, но се работи на негова санација. Тоа го работиме со стручни лица од ЈКП Дервен со одредена динамика на работите и за кратко време ќе биде во функција – рече Александар Табаков директор на ЈП Парк Спорт. Тој не прецизираше колку е тоа во седмици или месеци.
Tweet |