Петар Печков
Објавено: сабота, 16 мај 2015
По повод шест години од прераната смрт на голманот на велешки Борец Зоран Паунов, традиционално се одигра ревијален натпревар помеѓу ветераните на репрезентација на Македонија и селекцијата на Борец . Колку за одбележување победи репрезентацијата со 5:4 .
За селекцијата на Борец настапија 20-тина фудбалери кои минале заедно во редовите на велешкиот лигаш, додека репрезентативниот дрес го е носеа ветераните: Зоран Мицевски, Кире Гроздановски, Жанко Савов, Хусеин Неџмедин, Дарко Стојковски, Горан Ставревски, Саша Ќириќ, Борче Јовановски, Светозар Станковски.. Паунов во кариерата освен во Борец бранеше и во Вардар и Пелистер.
Селекцијата на Борец ја водеа Љубе Велковски и Перо Ранготов, кои потсетија на голманот Паунов.
Зоран беше одличен голман и прекрасен човек, Прерано згасна неговиот живот, за жал. Се работи личност која не сплотуваше сите. Игравме две сезони заедно, во ситуација кога се боревме грчевито за опстанок а тренер беше Зоран Мишиќ. Таа година во Делчево против Брегалница Зоран одбрани одлично и помогна за опстанок. Бидејќи заедно игравме во добрана, одлично соработувавме, знаевме кој каде треба да застане, што и кого покрива. Беше лесно да се комуницира со него - вели Велковски.
Со Паунот четири години бевме заедно на терен а како тренер една година и случка која остана вечно да се помни. Тоа беше баражот за Караорман на Градски во Скопје. Заврши во регуларниот дел нерешено 1:1, толку беше и по продолжението а по пенали Борец победи и остана во Македонската прва лига. Паунот добрани четири пеани, тој не спаси. Тој имаше одлични голмански квалитети. Помалку тренираше ама на натпреварите го надополнуваше со полн жар и голема љубов кон Борец, се внесуваше и го даваше максимумот - вели Ранготов.
Стрелци за Борец ветерани: Јовановски х 3 и Б. Нацев од пенал
За Македонија (ветерани): Јовановски, Димовски, Трајановски, Савов, Ставревски.
Натпреварот се одигра на Градски.
Tweet |