речник контакт

Недела вечер ,,Македонска приказна,, во Младински

Претстава за големи и мали, кога малите нешта оживуваат со македонска изворна музика. Претстава со 13 годишен стаж и многу награди на Балканот. Најнаградуваната македонска театарска претства

Петар Печков

Работена врз мотиви на нашата богата фолклорна традиција, за претстава што не се врзува за одредена категорија посетители, туку е наменета практично за сите -за стари и млади!.

Како сиве овие волшебни нешта што го одржувале духот на нашиот народ да добијат соодветна сценска форма, да "оживеат" да се претворат во сценски знак?...За да се постигне ова, неопходни се голем дух и творечка фантазија, извонредно познавање на материјалот и истражувачка страст.

Настапуваат: Тања Кочовска, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ, Предраг Павловски, Катарина Илиевска. Режијата е на  Боњо Лунгов. Претставата  на Театарот за деца и младинци е на репертоарот цели 13 години од 2000-тата. Претставата во Велес ќе биде прикажана в недела вечер во Амфитеатарот од Младински парк со почеток во 21 часот во рамките на Топлиот културен бран.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »